Компанијата води преговори со Пекинг за обезбедување кредит и е подготвена да го дуплира извозот на нафта во таа држава. Ова го соопштува Ројтерс, надоврзувајќи се на четири извори од оваа индустриска гранка.
Во моментов руската нафта тече кон Кина по системот „Транснефт“ - преку нафтоводот Источен Сибир - Тихи Океан. Под гаранција за одржување на количините на испорачана нафта, кинеската Банка за развиток им даде на „Роснефт“ и „Транснефт“ кредити од 15 и 10 милијарди долари.
Информацијата дека „Роснефт“ води преговори со Кина за зголемување на испораките нафта, се појави завчера во медиумите. Веројатноста за овие преговори за давање кредит се поврзани со неопходноста за финансирање на зделката околу купувањето на ТНК-BP.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче