Министерството за образование во Русија нема да менува ништо во предметот Литература

Министерството за образование на Русија засега не планира да прави измени во училишната програма по предметот Литература, изјави рускиот министер за образование, Дмитриј Ливанов.

Министерството за образование на Русија засега не планира да прави измени во училишната програма по предметот Литература, изјави рускиот министер за образование, Дмитриј Ливанов.

На 9-ти февруари претседателот Путин на конгресот со општествените организации изјави дека составувачите на новата училишна програма по предметот Литература треба да биде составена и преку мислењето на граѓаните и нивната критика, па потоа да се направат заклучоци. Тој забележа дека појавата на нови автори во програмата по Литература е добро, но кога од неа исчезнуваат „Бронзениот коњаник“ од Пушкин, „Дамата со кученцето“, „Човек во футрола“ од Чехов, стиховите на Бела Ахмадулина, Владимир Висоцки, Булат Окуџава - тогаш се појавуваат проблеми и прашања.

„Треба внимателно да се однесуваме кон педагошките традиции кои ги имаме“, изјави Ливанов.

Во средината на јануари, Министерството за образование и наука на Русија испрати во регионите список од 100 книги кои се препорачуваат за читање вон часовите.

Во тој список влегуваат „Белата гарда“ од Михаил Булгаков,  расказите на Сергеј Довлатов, поезијата на Роберт Рождественски и Николај Рубцов, дела од Аркадиј и Борис Стругацки, Виктор Некрасов, Евгениј Петров и други. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња