Кина повторно стана еден од најголемите купувачи на руско оружје

Во минатата година Кина неочекувано се најде на 3-то место според бројот на склучени договори со „Рособоронекспорт“.

Русија во минатата година склучила договори со Кина за продажба на воена техника и вооружување во вредност од околу 2,1 милијарди долари. Ова го изјави Анатолиј Исајкин на прес-конференцијата на „Рособоронекспорт“.

Во минатата година, според зборовите на Исајкин, „Рособоронекспорт“ склучи нови договори на сума од 17,6 милијарди долари, што е 2,5 пати повеќе од 2011 година.

Формално Кина го зазеде третото место според бројот и вредноста на нарачките во 2012 година, веднаш после Индија (7,3 милијарди долари) и Ирак (4,2 милијарди долари). 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња