Иран сака да го врати рускиот бизнис

Иран, кој веќе страда од санкции воведени од страна на САД и Европската Унија, се надева на инвестиции од страна на руските нафтени компании.

Иран, кој веќе страда од санкции воведени од страна на САД и Европската Унија, се надева на инвестиции од страна на руските нафтени компании. Државата предложи тие да земат учество во своите проекти. На тој предлог се јави само „Зарубежнефт“. Останатите нафтени компании најверојатно ќе го одбијат тој предлог - премногу се високи ризиците, сметаат експертите.

Иран им предложи на руските компании да земат учество во експлоатација на низа нафтени наоѓалишта, соопшти министерот за енергетика, Александар Новак, после одржувањето на заседанието на руско-иранската меѓувладина комисија, пренесува РБК.

Руските компании веќе работеле во Иран, иако не многу долго. Во 2008 година, „Гаспром нафта“ и Националната иранска нафтена компанија потпишале меморандум за експлоатација на нафтени наоѓалишта во Азар и Шангуле.

Во 1996 година, САД донеле закон кој ѝ дозволува на американската влада да применува мерки против странските компании и физичките лица, доколку тие инвестирале во енергетскиот сектор на Иран повеќе од 20 милиони долари. Лукоил, кој работел во иранскиот Анаран, во 2010 година се откажал од проектот.

Економските санкции во однос на Иран, воведени од ЕУ во 2012 година, содржат и забрана за увоз, купување и транспорт на нафта и нафтени продукти. Како резултат на тоа, од март до декември минатата година, извозот на иранска нафта се намали за 40%, а доходите - за 45%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња