Во Државната дума е внесен проект за поправки на Воздушниот кодекс на Руската Федерација, кои треба да го отежнат животот на понеодговорните патници во авионите. Кабините на авионите, според новите поправки, ќе треба да се опремат со автоматски видеокамери, а сите патници да бидат известени за оваа техничка новина, што, според замислата на авторите на проектот, треба да создаде психолошка бариера за потенцијалните хулигани. Во авиокомпаниите веќе пресметаа дека камерите за само еден авион ќе чинат 1,5 милиони долари, и нивното инсталирање ќе доведе до поскапување на авиобилетите. Меѓутоа, во Росавијација сметаат дека треба да се раздадат на стјуардите елетро-шокери и лисици, додека во авиокомпаниите сметаат дека поефективен начин за борба против хулиганите е создавање на црн список на патници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче