Анкета: руските жени се померкантилни од мажите

Најголем број мажи во Русија се подготвени да градат односи со жени кои заработуваат суштествено помалку од нив, додека со ниската заработка на сопругот подготвена е да се помири секоја втора жена.

Најголем број мажи во Русија се подготвени да градат односи со жени кои заработуваат суштествено помалку од нив, додека со ниската заработка на сопругот подготвена е да се помири секоја втора жена во анкетата на Истражувачкиот центар на порталот за вработување www.superjob.ru.  

„Жената треба да биде чувар на домашното огниште, а ако таа работи - треба да се занимава со својата омилена дејност, независно од платата“. „Мажот треба да заработува повеќе отколку неговата избраничка“ - сметаат 90% од мажите. Само 3% не можеле да изградат односи со девојка која заработува повеќе од мажот. Само 7% од мажите не можеле да дадат одговор на прашањето.

Да живеат со маж кој заработува помалку - спремни се само 45% од жените. Не сакаат да живеат со маж кој заработува помалку дури 25% од жените, додека на ова деликатно прашање не можеле да дадат конкретен одговор 30% од жените.

Жените, по правило, се грижат за својата благосостојба, сметајќи ја овде и иднината на децата, и затоа бараат мажи со високи плати. Според податоците на анкетата, со маж кој заработува многу повеќе од нив, можат да изградат односи дури 80% од жените. Според нивното мислење, таквата финансиска диспропорција може само да оди во полза на семејството. „Јас одамна барам таков маж“, „Тој треба да заработува барем двапати повеќе, отколку жената“ - кажуваат дел од дамите.

Да бидат со жени кои заработуваат повеќе - можат 61% од мажите. „Во семејниот живот не треба да има пречки поради приходите“, „Животот не се мери во рубљи“ - сметаат анкетираните мажи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња