Во воздух со електро-авион

Еден од најперспективните правци за развиток на современата индустрија за авиони е преминот кон концепцијата на авион со целосно електрифицирана опрема. Со други зборови – ќе се создаде „целосно електричен авион“.

Перспективите за создавање на електричен авион отвораат нови хоризонти за развој, како на авио-индустријата, така и за цивилниот и воениот сектор. Тоа е еден од најперспективните правци во руската индустрија. Во новото летало ќе биде инсталиран систем со централизирана електрична мрежа за снабдување со енергија.

Во Русија со создавањето на ваков вид авион се занимава холдингот „Авио опрема“, кој веќе ги претстави резултатите за разработка на електро-хидростатички авионски пренос. Тоа ќе дозволи да се зголеми коефициентот на ефективност за 10 до 15%, во споредба со другите видови енергии.

Наскоро на Руска реч на македонски ќе следи статија со подробности околу овој електро-авион. Читајте нè. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.