И покрај тоа што финалните резултати од извозот ќе станат јасни покасно, веќе е познато дека Русија во 2012 година речиси за 12% извезе повеќе оружје, отколку што беше планирано. Една од главните дестинации за извозот на оружје е Индија.
Општо земено, последната декада се карактеризира со стабилен раст на руската извозна активност во областа на вооружувањето. Притоа, индискиот дел од рускиот извоз на оружје го сочинува во најголема мерка авио-техниката.
„Во текот на последната година ’Рособоронекспорт’ потпиша договори со Индија во вредност од над 3,5 милијарди долари“, изјави Виктор Комардин, шеф на делегацијата компании кои се претставија во Бангалор на „Аеро Индија-2013“.
Според неговите зборови, најголем процент од договорите се поврзани со хеликоптерска техника. А ако се зборува за перспективи, посебно треба да се издели хеликоптерот Ка-226Т, кој има огромни шанси да се извезува во Индија во големи количини.
Ако се зборува за главната тенденција на развој на рускиот извоз, треба да се подвлече дека денеска Русија активно преминува од обични продажби – на заедничко производство, со што Русија е автоматски на чекор понапред пред конкурентите, бидејќи се одблегнуваат класичните меѓународни тендери за продажба на оружје.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче