Бројот на ново вооружување и воена техника во руската војска од 2008-та година се зголеми за 10%, и сега изнесува 16%. Ова го соопшти началникот на Генералштабот, генерал-полковник Валериј Герасимов.
Соодветно со планот за реформа на Вооружените сили на Русија, се планира некаде околу 2015 година таа цифра да изнесува 30%, а до 2020 - 70%. Според зборовите на Герасимов, во 2020 година, сите ракетни бригади целосно ќе добијат ракетни комплекси „Искандер“. Освен тоа, во вооружувањето ќе бидат прифатени и ракетните комплекси С-300В, С-500 и „Бук-3М“. Освен тоа, наскоро Министерството за одбрана ќе создаде свој оддел кој ќе биде одговорен за новите разработки за армијата.
Што се однесува на геополитичките прашања, началникот на Генералштабот предупреди дека степенот на потенцијалните воени опасности за Русија до 2030 може „суштествено да се зголеми“. Според неговите зборови, нивото на воена опасност за Русија ќе биде определено според борбата на водечките држави за енергетски ресурси, место за производство и животно пространство. За обезбедување на пристапот до тие ресурси, активно ќе се користи и воениот потенцијал.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче