Русија и Казахстан се договорија за тоа како ќе продолжи понатамошната соработка на космодромот Бајконур. Станува збор за етапно исклучување на објектите во Бајконур од договорот за изнајмување од страна Русија. Притоа, овој договор не значи и целосно повлекување на Русија од Бајконур.
Според постигнатиот договор меѓу претседателите Владимир Путин и Нурсултан Назарбаев, ќе се започне со заедничко користење на објектите, со истовремена обука на казахстански специјалисти кои во перспектива ќе работат заедно со руските специјалисти. Во Роскосмос соопштија дека сега се планира да се прати постојан претставник на Роскосмос во амбасадата на Руската Федерација во Казахстан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче