Рекорден број руси сакаат да станат волонтери за Олимпијадата во Сочи 2014

До почетокот на Олимпијадата останува помалку од една година, а до завршувањето на изборот на волонтери – помалку од еден месец. Уште сега има три пати повеќе кандидати, отоколку што е потребно.

Волонтерите на Сочи 2014 го започнуваат своето пријавување на http://vol.sochi2014.com/. После регистрацијата и пополнувањето на детална анкета, на секој волонтер му се дава тест за проверка на степенот на владеење на англискиот јазик. Доколку успешно се помине онлајн тестирањето, волонтерот го покануваат на получасовно интервју: еден вид блиц анкета, со помош на која се проверува адекватноста на волонтерот, се дознава за неговото претходно искуство и се оценува степенот на владеење на разговорниот англиски јазик. Според замислата на организаторите, најмногу шанси имаат волонтерите чиј степен на владеење на јазикот е среден и поголем.

Организациониот комитет на Олимпијадата им плаќа на волонтерите три оброка и сместување. До Сочи волонтерите доаѓаат на своја сметка. За време на тест-натпреварите, волонтерите ги сместуваат во одморалишта кои се наоѓаат во реонот на Адлер, а непосредно за време на Олимпијадата тие ќе живеат во одделни куќи во Олимпиското село. Секој волонтер ќе добие акредитација само за еден објект за време на Олимпијадата, а за време на слободните денови, на волонтерите ќе им бидат дадени бесплатни билети за да можат да ги гледаат и другите натпреварувања.

За време на одржувањето на Олимпијадата, во Сочи ќе бидат ангажирани 25.000 волонтери. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња