Путин: притисокот врз Русија e недозволив

Раководителот на Федералната служба за безбедност, Александар Бортников, на состанокот во ФСБ раскажа за зголемувањето на геополитичкиот притисок од САД врз Русија во 2012 година.

Раководителот на Федералната служба за безбедност, Александар Бортников, на состанокот во ФСБ раскажа за зголемувањето на геополитичкиот притисок од САД врз Русија во 2012 година.

„Во минатата година се зголеми геополитичкиот притисок врз Русија од страна на САД и нејзините сојузници, кои, како и порано, ја гледаат нашата држава како еден од соперниците на меѓународната арена“, рече Бортников, додавајќи дека САД посветуваат посебно внимание на милитаризацијата на вселената и нуклеарните сили.

Говорејќи на состанокот, Владимир Путин подвлече. „Секое директно или индиректно вмешување во нашите внатрешни работи, било какви форми на притисок врз Русија, врз нашите сојузници и партнери - не недозволиво“.

Претседателот го пофали ФСБ за успешната работа и повика да се продолжи борбата со тероризмот и екстремизмот, да се заштитат економските интереси на државата, а исто така, и да се спречат обидите за мешање во внатрешните работи на Русија однадвор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња