Чистиот профит на најголемата руска компанија за нафта „Роснефт“ во 2012 пораснал за 7,2% и достигна историски максимум од 11 милијарди долари, соопшти компанијата. Во мај 2012 година Игор Сечин застана на челото на оваа компанија, и оттогаш ја води развојна политика во компанијата. Кон крајот на 2012, нејзините акции пораснаа за 41% на Лондонската берза. Денеска компанијата се проценува дека вреди 90 милијарди долари. Но реалната вредност се проценува дека е околу 120 милијарди долари, изјави неодамна шефот на компанијата при средбата со Владимир Путин. Ако надежите на Сечин се остварат, „Роснефт“ за една до две години ќе ја земе титулата од „Гаспром“ за најголема руска компанија (капитализацијата на „Гаспром“ се проценува на 115 милијарди долари).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче