Пред 95 години Русија премина на грегоријанскиот календар

На 14 февруари 1918 година, пред точно 95 години, во Русија влезе во употреба грегоријанскиот календар.

На 14 февруари 1918 година, пред точно 95 години, во Русија влезе во употреба грегоријанскиот календар. Во декретот кој го објави новата комунистичка власт било наведено дека новиот календар се воведува „за да се воспостави сметање на времето, какво што користат речиси сите културни народи“.

Грегоријанскиот календар бил воведен во 1582 година од папата Григориј XIII, и во тој момент го „поправи“ големото каснење во однос на астрономското време кое се „насобра“ од јулијанскиот календар, кој се користи уште од 45-та година п.н.е. Новиот календар, во чест на папата Григориј, бил наречен „грегоријански“. Разликата меѓу стариот и новиот календар во 18 век изнесувала 11 дена, во 19 век - 12 дена, а во 21 век изнесува 13 дена, додека во 22 век ќе изнесува 14 дена.

Руската, Ерусалимската, Грузиската, Српската, Македонската православна црква, како и манастирите во Света Гора, празниците ги одбележуваат според јулијанскиот календар, додека останатите цркви - според новојулијанскиот календар, кој го создаде српскиот математичар и астроном Милутин Миланковиќ. Сѐ до 2800 година, новојулијанското сметање на времето целосно ќе се совпаѓа со грегоријанскиот календар, а после тоа ќе се појави разлика од еден ден. Астрономски гледано, новојулијанскиот календар досега е најпрецизен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња