Офицер на Морнарицата на Канада доби 20 години затвор за шпионажа во корист на Русија

Џефри Пол Делајл, помлад наредник во воено-морската разузнавачка служба на Канада, кој служел на воена база на НАТО – е осуден на 20 години затвор за шпионажа во полза на Русија, соопшти BBC.

Џефри Пол Делајл, помлад наредник во воено-морската разузнавачка служба на Канада, кој служел на воена база на НАТО – е осуден на 20 години затвор за шпионажа во полза на Русија, соопшти BBC.

Џефри Делајл признал дека предавал тајни информации на руските тајни служби, а за какви имено податоци станува збор, не се кажува. Сепак, постојат гласини дека информациите кои Џефри ги дал на руските служби можат да ја поткопаат одбранбената способност на неколку држави, вклучувајќи ги САД, Британија, Канада, Нов Зеланд и Австралија.

Според изјавата на Џефри Делајл, за својата шпионска работа тој добивал околу 3.000 долари месечно. Поради тој „бонус“, тој снимал тајни податоци на „флеш“ меморија и ги праќал по електронска пошта на соработник на руските тајни служби. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња