На небото над Челјабинск, некаде во 9:30 по локално време (4:30 по централноевропско) се случила експлозија. Според податоците на Министерството за вонредни состојби, над регионот имало метеорски дожд. Апаратите за набљудување пред самата експлозија регистрирале активност во пониските слоеви на атмосферата.
Според последните податоци, метеоритот паднал на територијата на фабриката за цинк во регионот. Фабриката е делумно разрушена.
Сведоците соопштуваат дека виделе силна светлина, а потоа и експлозија, од која во некои домови се скршиле и стаклата.
Силната светлина можела да се види на територијата на целиот регион, како и во Екатеринбург и Тјумен. Во Челјабинск се соопштува дека после експлозијата од небото паѓале зажарени остатоци.
Блогерите соопштуваат дека во регионот, поради преголемата оптовареност, лошо работи мобилната комуникација. На граѓаните на Челјабинск им е препорачано да останат во своите домови.
Според последната информација, како резултат на оваа случка има настрадани: неколкумина се повредени поради скршените стакла.
Руска реч на македонски ќе продолжи да ја следи ситуацијата. Во текот на денот ќе ви соопштиме повеќе детали за оваа случка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче