Краснојарскиот eкономски fорум, еден од најголемите во Сибир на кој се разгледуваат инвестициските можности - започна вчера со локалните бизнисмени, кои ветија дека ќе потпишат антикорупциска повелба.
Организацијата на Форумот ја коментира изјавата: „Суштината на документот се однесува на имплементирање на посебни антикорупциски програми и практики, кои ќе влијаат не само на ситуацијата во компаниите, но и на нивните односи со деловните партнери и владата. Повелбата предвидува отфрлање на преференцијалниот третман, набавки врз основа на транспарентни тендери, финансиска контрола, информирање, работа со претставниците на државните служби“.
Минатогодишниот форум беше посетен од претставници од 28 земји и беа потпишани договори во вредност од 17 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче