Губернаторот на Челјабинската област со коментар за метеорскиот дожд

Губернаторот на Челјабинската област со коментар за метеорскиот дожд.

Падна метеор. Имаше ударен бран од кој се скршија некои од прозорците. Поголеми штети и рушевини нема. Масовни јавувања на граѓани во медицинските установи нема. Сега главна задача е да се обезбеди топлина во домовите каде се скршени стаклата, за да не замрзне системот за греење. Пожарните единици и полицијата се во состојба на готовност. Утре е сабота, што значи нема да има настава во училиштата. Во принцип, ситуацијата може да се контролира. Ќе се справиме со неа за неколку дена, иако има навистина многу скршени стакла. Сега треба да се залепат прозорците, за да нема губење на топлината. Тоа е основната задача.

Ситуацијата ја држиоме под контрола. Вонредни ситуации нема, загуба на човечки животи, исто така, нема. Сите луѓе кои добиле рани, ги добиле поради првиот ударен бран. Аеродромите во Челјабинск и Магнитогорск работат нормално, нема никакви застои во сообраќајот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња