Учесниците во проектот „Јужен тек“ ќе откупат повеќе од 10.000 парчиња земја во Србија за изградба на гасоводот

Учесниците во проектот „Јужен тек“ ќе откупат од физичките лица во Србија повеќе од 10.000 парчиња земја за изградба на гасоводот.

Учесниците во проектот „Јужен тек“ ќе откупат од физичките лица во Србија повеќе од 10.000 парчиња земја за изградба на гасоводот. Како што соопшти директорот на компанијата „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, средствата за откупување на земјата се веќе обезбедени.

„Парите за купување на 10.000 парцели се обезбедени, 4.000 од нив веќе се оценети од соработниците на „Србијагас“. Сопствениците на тие 4.000 парцели веќе ја прифатија понудената компензација“, забележа Бајатовиќ.

Бајатовиќ не спомна конкретна цифра за средствата кои ќе се дадат за откуп на земјиштето.

Директорот на „Србијагас“ соопшти дека една од гранките на „Јужен тек“ ќе се гради од градот Ниш кон Косово, како и кон Македонија. Освен тоа, предвидена е изградба на гранка која ќе води и кон Република Српска и Хрватска.

Должината на српскиот дел од гасоводот ќе изнесува 450 километри, а неговата вредност ќе изнесува 1,7 милијарди евра. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња