Денеска се случи експлозија на полициски контролен пункт од страна на терорист-самоубиец. Според најновите информации, како резултат на овој инцидент загинаа тројца полицајци кои дошле од други региони на Русија. Уште шест полицајци се повредени.
Во Министерството за внатрешни работи на Дагестан сметаат дека терористот сакал да изврши терористички напад во Хасавјурт. Најверојатно експлозивната направа случајно се активирала додека терористот го поминувал контролниот пункт. Според друга верзија, терористот ја активирал бомбата од страв од полицајците кои се приближувале кон него.
Се разјаснуваат околностите околу оваа случка. Идентитетот на терористот-самоубиец не е утврден.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче