Владимир Путин побара да се симне назнаката „тајно“ од состојбата на природните ресурси во Русија. „Вниманието на инвеститорите за нашите наоѓалишта е зголемено, но поради архаичноста на методиката, нашите резерви не се целосно оценети. Тоа директно влијае на инвестициската привлечност“, изјави претседателот.
„Тоа е очигледен анахронизам. Тоа не е тајна, ние ништо не криеме“, забележа Путин.
Според сегашниот закон, податоците за резервите на природни ресурси, за експлоатацијата, производството и потрошувачката на стратешките видови минерални суровини во Русија - се тајни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче