Русија го создава најголемиот брод од распадот на СССР

Нов разурнувач за Воено-морската флота на Русија.

Главната команда на Воено-морските сили го усвои проектот на перспективниот разурнувач со голем домет на дејство. Тежината на бродот ќе изнесува 12.000 тони. Во одбранбениот комплекс изјавуваат дека новиот разурнувач ќе стане најголемиот воен број кој е проектиран и изграден после распадот на СССР.

Новиот универзален брод ќе има ударни, анти-подморнички, противвоздушни и дури противракетни функции. Тој исто така ќе може да ги поддржува трупите на копното во крајбрежните зони. Пред сѐ, овој брод треба да ги заштитува носачите на хеликоптери „Мистрал“, а во иднина - и атомските носачи на авиони. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња