Финската компанија Ровио, создавач на AngryBirds, ги најави своите планови за отворање на неколку тематски забавни паркови во Русија во текот на следната година. Вакви забавни паркови веќе функционираат во Финска, Велика Британија и Кина, а заземаат површина меѓу 2 и 10 км квадратни.
Забавните паркови се еден од секторите кои се развиваат најдинамично во Русија. На почетокот на годината беше најавена изградба на тематски забавен парк во Москва, Санкт Петербург и Екатеринбург од страна на DreamWorks.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче