Вчера Централната банка на Русија ја објави статистиката за трговијата во 2012 година. Позитивното салдо во надворешната трговија во минатата година се намалило за 2,2%. Впрочем, тоа можеби е и малку. Аналитичарите сметаат дека намалувањето на растот на увозот во 2012 година, најверојатно е поврзано со нерегистрираниот увоз на стоки од Кина преку Казахстан. Бидејќи меѓу Русија и Казахстан членуваат во Царинскиот сојуз, можеби конечно тој Сојуз проработи онака како што претскажувале неговите експерти.
Податоците на Централната банка за трговијата со стока во 2012 година забележаа нов трговски рекорд – 864,7 милијарди долари. Извозот на стоки порасна за 1,4% (до 529,3 милијарди долари), а увозот за 3,6% (до 335,4 милијарди долари). Позитивното салдо, за разлика од 2011 година, е намалено само за 2,2%.
Меѓутоа, доколку се исклучат доходите од извозот на нафта и гас, салдото на надворешната трговија е негативен, и таа разлика постојано расте.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче