Моменталниот политички систем во Русија ги губи своите позиции. Социолозите изјавуваат дека се зголемува бројот на граѓани кои би сакале да живеат во рамките на советскиот систем. Ова се податоците од анкетата која е извршена од Левада во јануари. Анкетираните одговарале на прашањето: „Кој политички систем за вас е најдобар?“ – 36% одговориле – советскиот. За демократијата во западен стил гласале 22% од анкетираните, а современиот политички систем го поддржуваат само 17% од граѓаните. Притоа, постарите и посиромашните го посакуваат советскиот систем, додека помладите би сакале западна демократија со пазарна економија.
Како што покажа истражувањето, бројот на руски граѓани кои искажуваат чувства кон советскиот систем, за една година се зголемил за 7% (порано тој показател изнесувал 29%), а бројот на задоволни граѓани од сегашниот систем се намалил за 3% (порано тој изнесувал 20%). Сегашниот систем го имал врвот на својата популарност во 2008-та година, кога 36% од граѓаните на Русија го поддржувале истиот.
Треба да се каже дека и поддржувачи на западната демократија има сѐ помалку. За една година нивниот број се намали од 29% на 22%. Само 16% од анкетираните не можеле да изберат кој систем е најдобар, а 9% се определиле за полето „Друго“.
Доколку се зборува за економски модел, денес 51% од граѓаните претпочитаат економски систем базиран на државно планирање и распределба, додека во исто време се намали бројот на граѓани кои сакаат пазарен систем и приватна сопственост - од 36%, на 29%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче