Русија ги зголемува резервите со злато најбрзо од сите во светот

Банката на Русија во минатата деценија стана најголема во светот по количината на купено злато.

Банката на Русија во минатата деценија стана најголема во светот по количината на купено злато, соопшти Блумберг: според пресметките на агенцијата, користејќи податоци од ММФ, руските резерви се надополнети за дополнителни 570 тони. По тој показател Русија дури ја надмина Кина, која исто така активно ги зголемува златните резерви.

Русија го задржува лидерството според темпото на зголемување на златните резерви. Кон крајот на 2002, Банката на Русија имала 387,67 тони злато, а во почетокот на 2013 – 937,8 тони злато. Кина, пак, ги зголемила своите резерви од 599,98 до 1054,09 тони злато, т.е. за 454,11 тони.

По севкупните резерви на злато, Русија го зазема 8-то место во светот. На 1-то место се САД со 8133,5 тони, на 2-то – Германија со 3391,3 тони, на 3-то – ММФ со 2814 тони, додека Кина го зазема 6-то место.

Цената на златото расте веќе 12 години по ред. Во септември 2011 година таа го достигна пикот – 1920,3 долари за унц. Денес златото се тргува по цена од 1657,3 долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња