Во Московската патријаршија, решението на папата Бенедикт XVI да го напушти престолот го нарекуваат „акт на лична храброст и смирение“ и се надеваат дека неговиот наследник ќе „продолжи по истиот пат“.
Од изборот на новиот папа во голема мера ќе зависат и односите на Ватикан со Руската православна црква, смета секретарот на одделот за надворешни црковни врски при Московскиот патријарх, протојереј Димитриј Сизоненко.
„Со Бенедикт XVI односите меѓу РПЦ и Римо-католичката црква се развивале во нагорна линија. Во споредба со својот претходник, Бенедикт XVI водел помудра политика во однос на православната црква, го цитира весникот “Комерсант“.
„Ние се надеваме дека наследникот на Бенедикт XVI ќе ја задржи позитивната динамика во православно-католичките односи“, додаде протојерејот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче