Државната дума на Русија вчера во последното читање го изгласа законот против пушење. На гласањето во долниот дом на парламентот, за законот гласаа 441 депутат, а против - само еден. Во горниот дом овој закон е веќе вклучен на состанокот на 20 февруари.
Законот “За зачувување на здравјето на населението од влијанието на чадот од цигарите и последиците од пушењето“ предвидува целосна забрана на пушењето во образовните, културните, спортските, трговските установи, како и во просториите на органите на државната власт. Русите, исто така, не ќе можат да пушат на работните места, во аеродромите и на железничките станици, во општествениот транспорт, во лифтовите, на детските игралишта, како и на автобуските станици.
Законот ќе стапи на сила на 1 јуни 2013 година. Освен тоа, во 2014 година ќе стапат во сила новите ограничувања на трговијата со тутунски производи и целосна забрана на нивното рекламирање, вклучувајќи ги и филмовите и другите уметнички дела.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче