Во Русија ќе донесат нов закон за Интернет

Се менува законодавството за Интернет.

Дефинирање на поимот „електронски потпис“, заштита на персоналните податоци, борба со сајбер-криминалот и правила за регулирање на социјалните мрежи – се само некои од правците на кои работи владата во доработката на законодавството, се кажува во „Концепцијата за регулирање на правниот однос на Интернет“.

Концепцијата е подготвена во администрацијата на претседателот со учество на депутатите од Думата. Документот ќе стане основа, на која понатаму ќе биде напишан законот „За Интернет“.

Еден од коавторите на концепцијата, депутатот на „Единствена Русија“ од комитетот за информатичка политика, информатички технологии и врски, Роберт Шпегел, забележа дека оваа верзија не е финална. Според неговите зборови, тоа не е готов документ, туку почетна точка за понатамошна дискусија.

Целта на законскиот проект, според сегашната концепција, не е само „обезбедување на правата и слободите на граѓаните на Интернет“, но и „надминување на информатичката нееднаквост“, „обезбедување на услови за недискриминиран пристап кон Интернет во Русија“, „ширење на можностите за користење на електронски комуникации“, „електронска трговија и друга комерцијална дејност“, „правомерно користење на личните податоци“, „намалување на административните бариери и ограничувања при заемното дејство меѓу државата и општеството со користење на Интернет“, како и борба со сајбер-криминалот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња