Најновиот проект од комплексот за противракетна одбрана 50Р6 (Витез), кој треба да го замени познатиот С-300, се наоѓа на последните етапи пред сериското производство. Според информацијата на „Известија“ од Министерството за одбрана, првите тестови на овој систем се планирани за оваа есен.
Познатиот систем С-300, кој постои од 1970-те години, и заради кој Израел создава специјални системи за електронско блокирање, веќе застаруваат и треба да бидат заменети со нови.
„Витез“ започна да се разработува во средината 2000-те, и е наменет за заштита на стратешките објекти и војска на далечина од 8 до 40 километри (ракета 9М100) и до 120 километри (ракета 9М96). За разлика од С-300, кој има стационарна модификација, неговиот наследник е мобилен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче