САД ќе ѝ предложат на Москва намалување на нуклеарните арсенали

Роуз Готемелер ќе ѝ предложи на Москва дополнително да се намали нуклеарниот арсенал.

Во текот на претстојната посета, заменикот на државниот секретар на САД во Русија, Роуз Готемелер ќе ѝ предложи на Москва дополнително да се намали нуклеарниот арсенал. Американската страна ќе се обиде да ги убеди руските колеги дека новото намалување ќе дозволи годишно да се заштедат до 8 милијарди долари. Ова го пренесува весникот „Комерсант“, надоврзувајќи се на зборовите на претставници од руската влада.

Според прогнозите на американските аналитичари, наскоро бројот на руски балистички ракети кои се на постојано дежурство нема да надмине повеќе од 230. Во Вашингтон сметаат дека во овие услови, за обезбедување на нуклеарната рамнотежа доволни се илјада боеви глави. Сепак, неодамна стапи во сила договорот СНВ, кој им дозволува на Русија и САД да чуваат во своите арсенали далеку поголеми резерви на нуклеарно оружје. Овој документ дозволува да се зголеми бројот на нуклеарни глави до 1.900 од секоја страна. Освен тоа, во договорот не се ограничува бројот на боеви глави од среден и краток домет, и боеви глави кои се во резерва. Според податоците на FAS, САД има околу 2.900 парчиња вакво оружје. Русија има речиси колку и САД - 2.680. Овој број Пентагон го смета за преголем. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.