Русите најмногу се плашат од економска и политичка криза

Граѓаните на Русија имаат најголем страв од економска криза.

Граѓаните на Русија имаат најголем страв од економска криза – ова го заклучија истражувачите од ВЦИОМ. После економските проблеми, втор по ред е стравот од невработеноста (27%), а воедно, се зголеми бројот на оние кои не гледаат никакви проблеми и опасности за државата (од 1% на 11%).

„И покрај деценискиот висок економски раст, луѓето не ги напушта стравот од економска, па и политичка криза“’, смета генералниот директор на ВЦИОМ, Валериј Фјодоров. Причината за ова, според Фјодоров, е во тоа што во последниве две децении граѓаните на Русија неколку пати се среќавале со економски кризи, и знаат што значи тоа.

Меѓу другите стравови, доста е распространет стравот од болест. Во 1992 година овој страв ги беспокоеше 18% од испитаниците, додека сега – 30%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.