Русија за прв пат може да увезе жито

Во 2012 година, цените на житото на внатрешниот пазар се зголемија за повеќе од 2 пати. За стабилизација на ситуацијата, владата може да посегне и кон увоз на житарки.

Според пресметките на руското Министерство за земјоделство, во 2012 година Русија го зазеде третото место според обемот на извоз на житарки, продавајќи повеќе од 26 милиони тони зрно на купувачите во 80 држави. Основни увозници на руското жито се Египет, Турција и Саудиска Арабија. Но, поради неодамнешните лоши реколти, возможен е увоз. Поради недостиг на рускиот пазар, цените растат за 1 до 1,5% неделно. Житото на рускиот пазар моментално чини 100 долари повеќе, отколку на светскиот пазар.

На почетокот на 2013 година, резервите со жито во Русија изнесувале 25,3 милиони тони. Минатата година започнала со големи резерви – 36 милиони тони. Основната причина за намалување на количините – се сушите и лошите реколти во последниве неколку години.

Според податоците на американското Министерство за земјоделство, Русија според извозот на жито во 2012/2013 година го зазеде петтото место после САД, Австралија, Канада и ЕУ. На следниов графикон може да погледнете колкаво било производството во Русија во последниве неколку години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња