Русија гради аеродром на Јужните Курили

Раководителот на администрацијата на претседателот на Русија, Сергеј Иванов, изрази увереност, дека изградбата на аеродромите на Јужните Курили ќе го реши прашањето за пристапноста во оддалечените руски региони.

„Најактивно сега се градат аеродромите на Јужните Курили. Јас се надевам дека наскоро ќе биде решен проблемот со пристапноста во овие оддалечени региони во Русија“, изјави Сергеј Иванов, честитајќи им го на ветераните и работниците на граѓанската авијација 90-годишниот јубилеј.

„Во последниве 60 години, треба да признаеме, не се направи ништо за да се изгради таму современ аеродром“, изјави тој.

Сергеј Иванов подвлече дека развитокот на регионалната авијација е една од најважните задачи на авио-индустриската гранка. „Во некои региони транспортот целосно зависи од авионскиот сообраќај, нема алтернативи“, изјави шефот на администрацијата на претседателот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња