Претседателот Владимир Путин на будистите им ја честиташе новата година според лунарниот календар.
„Радува тоа што будистичките верски организации се активни во животот на нашата земја, значајно допринесуваат во унапредувањето на духовно-моралното воспитување на децата во патриотски дух, како и во развојот на дијалогот меѓу верите“, стои во честитката на Путин.
Празникот на „Белата месечина“ (Шагаа или Сагаалган) и Нова година според лунарниот календар („година на црната водена змија“) во ноќта на 11 февруари руските будисти ја дочекаа заедно со жителите на Тибет и Монголија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче