Руските средства за контрола на тестирањето на нуклеарно оружје внимателно ја следеа ситуацијата на 12 февруари со тестирањето на нуклеарната бомба во Северна Кореја. Специјалистите проценија дека бомбата имала експлозивна сила од 5 килотони. Според податоците на сеизмолозите, магнитудата на ударот изнесувала 5,3.
Во Министерството за вонредна состојба изјавија дека нема никаква опасност од радијација на Далечниот Исток.
Централната телеграфска агенција на Кореја даде извештај, во кој го потврдува успешниот трет подземен нуклеарен тест. Во врска со овој нуклеарен тест, Јужна Кореја ќе свика во вторник вонреден состанок на Советот за Безбедност на ООН.
Северна Кореја е нуклеарна држава од 2005 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче