Калининградскиот аеродром ќе имплементира политика на „Отворено небо“

Аеродромот Храброво (Калининград) ќе биде вториот аеродром во Русија кој ќе биде отворен за сите авиокомпании.

Аеродромот Храброво (Калининград) ќе биде вториот аеродром во Русија кој ќе биде отворен за сите авиокомпании (т.н. политика на „отворено небо“). Во останатите случаи, авиокомпаниите мора да добијат дозвола за да сообраќаат до различни аеродроми во Русија.

„Гледаме неколку правци на развојот на Храброво. Еден од нив е отворањето на нови линии до Русија и ЕУ, како и имплементирање на политика на „отворено небо“, исто како и во Владивосток“, рече тој. Според Титарец, неколку интернационални авиокомпании го имаат во своите планови Храброво како транзитен аеродром од Европа до Кина.

Аеродромот Храброво неодамна помина низ реконструкција вредна 100 милиони долари, изведена според стандардите на холандски консултанти. После оваа реконструкција, аеродромот ќе го зголеми протокот на патници од 1,2 милиони на 5 милиони годишно.

Според правилата на СТО, сите руски аеродроми ќе воведат политика на „отворено небо“ во следниве две години

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња