Думата против враќањето на смртната казна

Враќањето на смртната казна може да го смири јавното мислење, но нема да го искорени „коренот на злото“.

Враќањето на смртната казна може да го смири јавното мислење, но нема да го искорени „коренот на злото“. Ова го изјави претседателот на комитетот во Думата за законодавство, Павел Крашениников.

„Дури и не се работи за нашите обврски кон Советот на Европа. Проблемот е многу подлабок - укинувањето на смртната казна нам ни е потребно, бидејќи државата не би требало да биде инструмент за одмазда“, смета депутатот. Тој исто така изјави дека најважно не е тежината на казната - туку нејзината неотповикливост.

Крашениников ова го изјави како одговор на изјавата на министерот за внатрешни работи, Владимир Колокољцев, кој во интервју за журналистите изјави дека тој, не како министер, туку како граѓанин - не гледа ништо спорно во смртната казна за тешки злочини.

Последната смртна казна во современа Русија е изведена во 1996 година, кога земјата влезе во Советот на Европа. Од 1999 до 2010 година на сила беше мораториум за смртната казна, а сега овој вид казнување е забранет со одлука на Уставниот суд на Руската Федерација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.