Во Академијата на науките во Република Саха (Јакутија) ќе се одржат првите истражувања на зачуван мозок од мамут. Мозокот ќе се најде во рацете на научниците откако кон крајот на февруари ќе го одвојат од черепот на мамутот кој е најден во 2011 во Јакутија, а кому му е дадено името Јука.
Меките ткива на Јука се зачувале, за разлика од претходните мамути кои биле наоѓани во овој реон. Истражувањето ќе го извршат соработниците на Институтот за биомедицински проблеми при Руската академија на науки, Палеонтолошкиот институт при РАН и републичката академија на науки.
Јука е мамут кој починал пред околу 10.000 години, а е откриен во 2011 година во зоната на вечниот мраз. Истражувачите утврдиле дека Јука загинал од рани, нанесени од древните луѓе. Тие од мамутите ја земале маста, крупните коски и дел од месото на животното, додека останатиот дел од трупот го закопувале.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче