Рускиот екипаж на Меѓународната вселенска станица нарача пушени колбаси

Членовите на рускиот екипаж на Меѓународната вселенска станица замолија да им стават уште еден вид производи.

Членовите на рускиот екипаж на Меѓународната вселенска станица замолија да им стават уште еден вид производи, кои ќе им бидат испорачани со товарниот број „Прогрес М-18М“. Станува збор за пушени колбаси со кашкавал и лук.

„Меѓу продуктите кои ќе им се пратат на екипажот веќе има јаболка, грејпфрут, портокали, лимони, лук, а исто така, со дополнително барање - пушени колбаси со кашкавал и лук“, соопшти за „Интерфакс“ началникот на одделот за храна при Институтот за медико-биолошки проблеми при Руската академија на науки, Александар Агуреев.

На прашањето дали со колбасите ќе им се прати и пиво, тој одговори негативно.

„На МВС дозволено е да се праќаат било какви пијалаци, освен газирани и алкохолни“, рече Агуреев.

Лансирањето на „Прогрес М-18М“ од Бајконур е планирано за денеска во 18:41 (по московско време). 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња