Русија сака со технологија да ѝ помогне на Индија во создавањето на носач на авиони

Русија планира да учествува со своите технологии во создавањето на првиот индиски носач на авиони.

Русија планира да учествува со своите технологии во создавањето на првиот индиски носач на авиони, изјави во четвртокот за РИА Новости високопоставен претставник на Обединетата корпорација за бродоградежништво.

Во овој момент во „Севмаш“ (фабрика за изградба на бродови во Северодвинск), завршуваат испитувањата на носачот на авиони „Викрадитја“ (поранешниот руски „Адмирал Горшков“). Предавањето на овој брод на Индија ќе се изврши во октомври годинава. Индија нема свој проект за создавање на сопствен носач на авиони.

Договорот за продавање на „Адмирал Горшков“ на Индија бил склучен во 2004 година, а истиот предвидувал Русија за 750 милиони долари да го модернизира носачот на авиони и да обезбеди палубни авиони за уште дополнителни 750 милиони долари. Во меѓувреме се склучени дополнителни договори, и сумата е зголемена на 2,3 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња