Русија планира да учествува во тендерот за испорака на противракетни системи на Индија, соопшти во четвртокот на новинарите заменикот претседател на „Рособоронекспорт“, Виктор Комардин.
Според неговите зборови, во тек е „предтендерски“ процес. „Ние им го предлагаме на индиските вооружени сили зенитно-ракетениот систем С-300ВМ“ изјави Комардин.
Моменталните зенитно-ракетни системи во Индија се состојат од американски и израелски технологии, и затоа „на Русија ќе ѝ биде тешко да победи на овој тендер“.
Мобилниот зенитно-ракетен систем С-300ВМ (Антеј-2500) се користи за уништување на современите и идните авиони на тактичката и стратешката авијација, како и оние авиони од новата, петта генерација „невидливи“ авиони, балистички ракети од среден дострел, оперативно-тактички и тактички ракети, аеробалистички и крилести ракети, а исто така и авиони за радиолокација и наведување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче