Во Москва се одржа битка на роботи

Во московскиот Крокус-Експо се одржа „РобоФест“.

Во московскиот Крокус-Експо се одржа „РобоФест“, најголемиот фестивал во Русија на кој учесниците од 6 до 30 години ги претставуваат своите уникатни изуми.

„РобоФест-2013“ се одржува петта година по ред. Во оваа година во него зедоа учество повеќе од 2000 ученици и студенти, кои во 19 вида натпреварување во роботиката се претставија со повеќе од 500 роботи, создадени од нив самите.

 Во оваа година на фестивалот за прв пат зедоа учество екипи и од другите земји, меѓу кои од Србија, Романија, Америка и Мексико. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња