Со проблемите на русите кои се нашле во опасност во странство ќе се занимава кризен центар. Тој е отворен при руското МНР од 1 јануари оваа година, а веќе летово ќе функционира целосно.
„Неопходно е ние навреме да го известиме нашиот граѓанин за тоа дека во државата е воведена вонредна состојба и дека тој треба побрзо да ја напушти земјата или регионот“, кажува директорот на кризниот центар, Дмитриј Казимиров.
Казимиров изјави дека ќе се создаде систем за известување на русите по пат на СМС, интернет-пораки и на други начини.
Главната причина за појава на овој нов центар е пренатрупаноста со работа на претставништвата на Русија во странство, како и недостатокот на кадри, појаснуваат во МНР на Русија. Од почетокот на 1990 година, бројот на соработници речиси е останат ист, додека руските граѓани патуваат многу повеќе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче