Путин се сретна со „Родителите на Русија“

Владимир Путин зеде учество во првиот во историјата на државата конгрес на „Родителите на Русија“.

Владимир Путин зеде учество во првиот во историјата на државата конгрес на „Родителите на Русија“. Во него учествуваат делегати од 60 региони.

„На семејствата треба да им биде посветено внимание од општеството, и имено во семејството ние треба да го видиме нашето национално наследство“, рече Путин.

Претседателот, исто така, увери дека ќе се разгледаат закони кои се однесуваат на регулирањето на односот меѓу родителите и децата. „Мислењето на општеството, безусловно, ќе биде слушнато и земено предвид“.

„Грижата за старите, грижата за децата секогаш биле на прво место. Имено тие традиции ние треба повторно да ги оживееме.“, забележа Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.