Студентите во академиите во Русија ги обврзуваат да работат во државните органи

После дипломирањето, студентите мораат да работат во органите на МВР.

Министерството за внатрешни работи воведе нова обврска за студентите кои студираат на своите факултети. Имено, после дипломирањето, студентите мораат да работат во органите на МВР, инаку ќе треба да ја платат сумата која министерството ја потрошило на нив. Ако соработникот на министерството си даде отказ, или биде отпуштен - тој повторно ќе биде обврзан да ги надомести сите трошоци на државата за наставниот процес.

Во Министерството за внатрешни работи на Русија сметаат дека оваа мерка ќе ја зголеми ефективноста на соработниците, а и претставниците на синдикатите се уверени дека новите правила ќе станат механизам за вршење притисок врз работниците, што ќе ја намали привлечноста на работата во полиција. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња