Патеката за „Формула 1“ во Сочи се гради според планираното, и повеќе од половината од работите се завршени. Властите сметаат дека овој објект ќе биде пуштен во употреба не само за време на официјалните трки, туку и за време на Игрите во 2014, кога трасата ќе се користи за транспортот и потребите на Игрите.
„Значителен ден од патеката за ’Формула 1’ е веќе готова, од 5,6 километри, три километри се веќе завршени. Според мене, 3,6 километри веќе се асфалтирани, иако тоа сѐ уште не е последниот слој, но, сепак, работата се движи во добар правец, и сметам дека, како што планиравме, во октомври 2014 година веќе ќе можеме да ги видиме овде првите трки“, изјави Владимир Путин.
Цената за изградба на оваа патека изнесува 7,9 милијарди рубљи (околу 196 милиони евра).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче