На 9-ти февруари цивилната авијација на Русија одбележа јубилеј. Пред точно 90 години, во 1923 година беше создаден Советот за цивилна авијација при Главната управа на Работничката воздушна флота. Во јули истата година била воведена првата постојана воздушна линија Москва - Нижни Новгород.
Во 2012 година, услугите на руските компании ги користеле 74 милиони луѓе. Уште околу 50 милиони патници пренеле странските авиокомпании преку руските аеродроми.
Денес значењето на авио-транспортот во Русија расте со брзи темпа. На Крајниот Север, на значителен дел од Сибир и Далечниот Исток, цивилната авијација е единствен вид транспорт на населението за физичка комуникација со другите региони на државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче