Времеплов: на денешен ден во историјата на Русија

Фјодор Михајлович Достоевски.

На 9 февруари 1881 година, пред точно 132 години, замина од овој свет Фјодор Михајлович Достоевски - еден од најгенијалните и најпознати руски мислители и писатели.

Првиот роман на Достоевски - „Бедни луѓе“ (1846) - веднаш го прослави писателот во Русија.

Светогледот на Достоевски е создаван под влијание на демократските и социјалистичките идеи на Белински, теориите на француските социјал-утописти, особено на Ш. Фурје.

Од 1849 година, поради неговите активности во заедницата на „петрашевците“, тој бил осуден на смртна казна. Пред самото стрелање, смртната казна ила заменета со 4 години принудна работа.

Во 1859 година тој добил дозвола да се врати во Петербург. Неговото прво дело после враќањето од прогонството било „Записи од Мртвиот дом“ (1861-1862).

Во 60-70 години од 19 век, Достоевски ги напишал своите најдобри романи: „Злосторство и казна“ (1866), „Идиот“ (1868), „Бесови“ (1871-72), „Браќа Карамазови“ (1879-1880).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња