Авионот Ан-148, создаден специјално за Министерството за вонредни состојби на Русија, успешно ги помина првите тестови во Воронеж.
Според државниот договор меѓу МВС и Обединетата авио-корпорација, минитерството ќе добие два Ан-148-100ЕМ. Овие авиони ќе се користат како за превоз на патници, така и за оперативен транспорт на бригади на Министерството на местата каде има несреќи или е потребна евакуација на настраданите.
Главната особеност на овој авион е во тоа што нивната конструкција дозволува да се трансформира кабината соодветно потребите. Основната варијанта е патничко-медицинска, и во неа се предвидува инсталирање на два до шест модула со медицинска апаратура.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.